Поради поплави во јужна Србија се евакуираат луѓе

Специјални тимови за спасување евакуираа 34 лица од згради поплавени од најдодената вода во Лесковац, Бојник и во Бујановац. Градскиот штаб за вонредни состојби на градот Ниш прогласи вонредна состојба поради природна катастрофа предизвикана од невремето.

Откако за 24 часа наврнаа 55 литри дожд на метар квадратен, Јужна Морава се излеа во Врање. Во Пирот, поради обилните врнежи од дожд, поплавени се приградски и рурални населби, а најкритично е во Рогож, Кавка, како и селата Темска и Рудињ.