Протест за „Монструм“: скандирања, скршени прозорци, навреди за Фатиме Фетаи

0
99

Со скандирања, неколкучасовна блокада на скопските улици, скршени прозорци, навреди и барања за разрешување на обвинителката Фатиме Фетаи, заврши неколкучасовниот протест за случајот „Монструм“, којшто беше најавен во МВР. Учесниците на протестот скандирајќи „УЧК“, побарааа меѓународната заедница да интервенира за да се обезбеди правда за случајот со петкратното убиство на Смилковското езеро, за кое што тврдат дека се гонат невини луѓе. Протестот го организираа семејствата и поддржувачи на обвинетите за петкратното убиство што се случи кај Смилковското Езеро на 12 април 2012 година.

Пред зградата на МНР, на демонстрантите им се обрати Бедри Ајдари, роднина на еден од обвинетите во случајот „Монструм“. За тензичната атмосфера, тој изјави дека на протестот има присутни лица на кои им се случиле навреди и неправди во повеќе случаи, па така секој си има свои емоции.

Тој го потврди ставот дека во случајот „Монструм“ се гонат невини луѓе, а убиството кај Смилковско езеро го спореди со убиството на српски деца во Пеќ во 1998 година, за кое Ајдари посочи дека било дело на тогашниот началник на српската државна безбедност Раде Марковиќ, со цел делото да им се припише на Албанците. Тој во изјава за медиумите рече дека и тука некој наредил да се убијат пет македонски државјани од македонска националност за да ги најдат после и да ги обвинуваат Албанците, за да се држи контролиран конфликт.