ПРОТЕСТ И БЛОКАДА НА БУЛЕВАР ИНДУСТРИСКА ВО ТЕТОВО. СЕ БАРА ПОБЕЗБЕДНА ДЕЛНИЦА

0
71

Учесниците на блокадата побараа надлежните што поскоро да го обезбедат коловозот со поставување на повеќе сообраќајна сигнализација, надвозници како и пешачки премини

На Индустриска се вози брзо. Делницата се користи за транзитен сообраќај, а покрај неа има станбени објекти, но и  градинка и училиште.

Од СВР Тетово, велат дека  Во текот на минатата, 2020 година, на улица „Видоја Смилевски-Бато“ во Тетово регистрирани се, односно се случиле вкупно 50 сообраќајни несреќи, од кои 30 со повредени лица и 20 само со причинета материјална штета. Најчести причини според полицијата за минатогподишните „сообраќајки“ на улицата „Видоја Смилевски-Бато“ се: неприлагодена брзина според условите на патот, недавање предност на пешаци и неправилно преминување на улицата, односно непочитување на светлосната сигнализација, поточно на постоечките два семафори, поставени на крстосниците, од кои едниот пешачки семафор.