Св. Јован Бигорски ќе биде затворен за верниците, литургиите за Божик ќе се пренесуваат онлајн

Св. Јован Бигорски за Божик ќе биде затворен за верниците, информираат од таму.

„Ве известуваме дека поради поради постојната пандемија на Ковид-19, а согласно мерките и препораките на Министерството за здравство, како и на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА, Христовото Рождество во Свештената Бигорска Обител ќе се празнува со строго запазување на предвидениот протокол за заштита, односно со држење на соодветно растојание и ограничување на бројот на присутни.

Со оглед на тоа што на бдението ќе присуствуваат братството на манастирот, останатите негови жители, како и сестрите од сестринските манастири, веќе е пополнет максималниот број на присутни, согласно препораките.

Од таа причина, бдението ќе биде пренесувано во живо на нашиот YouTube канал и на нашата страница на Facebook„, велат од таму.