Се намалува бројот. Активни на Ковид 19 во моментов има 10 000

Бројката на активни случаи на корона вирус денеска се спушти под 10.000. Само денеска се регистрирани 1.731 оздравен пациент.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 90654, бројката на оздравени пациенти е 78154, на починати е 2785, а бројот на активни случаи изнесува 9715.