Се трага по 10 лица затрупани од свлечиште во Норвешка

Спасувачите и кучињата трагачи пронајдоа едно тело во петокот попладне, непосредно откако започнаа ризична потрага по 10 лица исчезнати во свлечиште на околу 30 километри од норвешката престолнина Осло.

Одрон на југот на земјата во средата однесе дел од станбена населба со повеќе од 12 згради.

Отпрвин се чинеше премногу опасно да се испратат спасувачки екипи до одронот, па местото на несреќата – огромен кратер што зафати станбени згради во селото Аск – беше пребаран од воздух, со хеликоптери и со помош на беспилотни летала.

Но, во петокот, полицискиот командант Рој Алквист процени дека една или две куќи биле безбедни за влез.

Спасувачките екипи, вклучително и членовите на шведскиот тим, се упатиле кон опасната област, обидувајќи се да стигнат до една од уништените куќи.

Далматинско куче кое исчезна во лизгање на земјиштето со неговите сопственици беше спасено во четвртокот, а полицијата потоа соопшти дека верува дека сеуште постои можност да се најдат преживеани.

Вчера попладне, хеликоптер на брза помош слета во близина на местото на несреќата, а полицијата извести дека тело е пронајдено околу 14,30 часот по локално време. Нема објавено детали