Институтот за стратегии, истражувања и анализи СИА ВИСТА за сопствени потреби направи анкета на јавното мислење. Анкетата е спроведена телефонски во период од 21.12.2020 – 25.12.2020 врз 1.523 испитаници при што е водено сметка за демографската структура и етничката припадност. При анализата опфатени се сите изборни единици.
Според анкетата на прашање за која партија би гласале, доколку изборите би се одржале утре, 22,3 % рекле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, 18, 4% рекле дека ќе гласаат за СДСМ, 6,1% за ДУИ, 5,6% за Алијанса, 4,9% за Левица, 2,7% за АЛТЕРНАТИВА и 0,6% за ДПА.
Дури 19, 9% одговориле дека нема да излезат на гласање, додека пак 14% од испитаниците не сакале да одговорат, а 3,5 % не знаеле за кого би гласала.
На прашање Колку имате доверба, поточно како ја оценувате работата на политичарите, испитаниците најмалку доверба имале во Зоран Заев и негативно одговориле 70.1 %.