СОЈУЗ НА СРЕДНОШКОЛЦИ – СЕ ЗГОЛЕМУВААТ ПРИТИСОЦИТЕ ПОРАДИ БОЈКОТОТ, НО НИЕ НЕ СЕ ОТКАЖУВАМЕ

Известување за бојкотот
Сојузот на средношколци ја информира јавноста дека бојкотот на наставата од страна наматурантите предизвикан од немањето волја во МОН да се најде компромис е успешен.
Во четврток (21 јануари) бојкотираа 78% од матурантите, а во петок (22 јануари) 71%. Причината за овој надолен тренд се притисоците и заканите од страна на училишнитедиректори и наставници врз учениците. Ваквите појави ги кршат средношколските права, Конвенцијата за човекови права и Уставот на РСМ. Ги повикуваме средношколците да гипријават сите притосоци врз нив, а истите ќе бидат соодветно документирани од нашастрана.
Истовремено ги демантираме лажните вести дека ССРСМ и МОН постигнале договор. Таквите вести се комплетно неточни и имаат за цел да ја дефокусираат јавноста и, многу поважно, матурантите. Наместо ширење лажни вести, властите треба да се соочат со аргументите на Сојузот и да ги прифатат нашите барања.
Ве потсетуваме дека бојкотот на наставата продолжува и во понеделник. Ги повикуваме сите матуранти да се придружат кон отпорот. Нашите барања се разумни и подржани од меѓународни примери – нема да се откажаме додека не ги оствариме!
СОЈУЗ НА СРЕДНОШКОЛЦИ