Таравари – Нема да има време за одржуавње на пописот

0
74

Нема да има време за одржување на пописот на населението што треба да започне на 1 април оваа година. Оваа изјава на градоначалникот на Гостивар и генерален секретар на Алијансата за Албанците Арбен Таравари. Како што вели, од статистичката операција сме на само два месеци, додека институцијата што треба да ја спроведе оваа операција, Државниот завод за статистика, сè уште не ја утврдила методологијата како ќе се изврши регистрацијата. 

Дебата за развојот на пописот се одвива и меѓу градоначалниците на општините во Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС). Градоначалникот Тараваи вели дека не учествува на овие состаноци, бидејќи таму, според него, нема дебати, туку политика што ја развиваат градоначалниците од редовите на ДУИ и на СДСМ.

Пописот на населението, домаќинства и живеалишта во Северна Македонија ќе се спроведе од 1 до 20 април годинава.