Тетово конечно доби градски автобуси

Тетово конечно доби градски автобуси , откако пред две години беше формирано Јавното претпријатие Тетово транспорт. Автобусите ги промовираа во кругот на противпожарната единица Тетово, градоначалничката на Тетово Теута Арифи и министерот за економија Фатмир Бесими. Но автобусите кое се купени со кредит од светка банка во износ од 720 000 евра, уште некое време нема да бидат ставени во функција.

Поголем дел од тетовци пак се скептици дека јавниот превоз ќе функционира нормално, каде сообраќајниците се узурпирани од диво паркирани возила и целиот град е тесно сообраќајно грло

Експерите пак сметаат дека јавниот превоз може да фунцкионира, ако претходно е направен добра анализа и план

Општината тврди дека е подготвена е целата инфраструктура важна за функција на овој вид превоз. Поставени се автобуските постојки, соодветната сигнализација, а воедно како што истакнаа се работи и на едукација на граѓаните за придобивките пред се еколошките за овој вид на превоз.