Тетовци и понатаму не ги почитуваат мерките. Чајџилница работела и по 22 часот

0
49
 
 
Подолжуваа полициските контроли на полошкото подрачје поврзани со почитување на мерките против КОВИД 19. Во овој регион и понатаму има доста лица кои не носат заштитни маски а угостителски објекти работат и над дозволеното време.

Во текот на изминатото деноноќие,  според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово  за неносење заштитни маски на вкупно 56 лицa изготвени им се прекршочни платни налози, согласно член 6  од соодветната владина Уредба. Во овој период на тетовско-гостиварското подрачје  на 16 лицa изготвени им се нови решенија за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, а контроли им биле извршени на над 300 лица со вакви решенија и при тоа не било констатирано непочитување на решенијата.

Синоќа околу 22 часот и 30 минути, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 59-годишниот тетовец Ш.И., чиј угостителски објект (чајџилница) на улица „Ленин“ во Тетово работел по дозволеното време и во него престојувале пет лица.Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок по член 206 од Кривичниот законик за сторено кривично дело„непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.