Фатен неготинец со фалсификувана возачка дозвола

0
89

Во Неготино, вчера полициски службеници  лишиле од слобода 47 – годишен возач,  откако при контрола на автомобилот управуван од него, било констатирано дека поседувал фалсификувана возачка дозвола издадена во Република Бугарија.

Како што информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес, настанот се случил вчера околу 14 часот. Против неготинецот ќе биде поднесена соодветна пријава.