Филипче не открива колку вакцини ќе стигнат во февруари

0
80

Трипати по одредени количества од вакцината против коронавирусот на американско-германскиот тандем компании „Pfizer/BioNTech“ и ќе добие Македонија, од февруари до април, изјави во петокот министерот за здравство Венко Филипче, но засега, како што тврди, по барање на американската компанија, не се открива колкаво е вкупното договорено количество, а непозната останува и цената по вакцина.

„Од компанијата нѐ замолија сѐ уште да не се објавуваат дозите, иако точно знаеме колку дози треба да стигнат во февруари, колку во март и колку во април. Изминатата недела имавме во континуитет телефонски разговори, разменуваме маил со компанијата и мислам дека тоа е една политика која успеаја да ја имплементираат заради зголемување на дел од нивното производство…“, изјави министерот Филипче.

Вакцината на „Pfize/BioNTEch“ беше првата западна вакцина која доби одобрување од Светската здравствена организација за итна употреба со што се гарантира нивната ефикасност и безбедност.

Инаку, македонските власти се надеваат и на 833.000 вакцини кои во земјава треба да стигнат преку Ковакс механизмот. Првата доза неофицијал но ќе биде дистрибуирана во март, а комплетната количина за која замјава уплати и аванс, ќе треба да се испорача во неколку наврати. Дополнително, здравствените власти во земјава добија ветување дека вакцини ќе добијат и од соседните Грција и Бугарија.