Филипче одби македонските лекари да се вакцинираат во Србија

0
45

Здравствените работници од ковид центрите нема да одат да примат вакцина во Србија по вчерашната јавна покана од срспката премиерка. Венко Филипче и се заблагодари на Брнабиќ и кажа дека можат да спроведат успешен процес на имунизација во земјата. Но засега се уште ги чекаме отстапените дози на Фајзер од северниот сосед за да почне боцкањето на медицинскиот кадар.

-Благодарам на поканата, ние ќе останеме тука да ги вакцинираме сите наши граѓани. Вчера разговаравме со претставниците на Фајзер во Белград и таму се работи на двата договори, прво на нашиот драфт договор за нашите 800.000 дози и за дозволата српските власти да ги дадат фајловите за да ние ги увеземе тие 8.000 дози кои треба да ги купиме од Србија. Причината зошто процесите одат споро е бидејќи самата компанија Фајзер е под голем притисок воопшто со сите земји во светот, изјави Венко Филипче, министер за здравство.