Фотографија на денот: Вакцинирање во црква

0
59
За да се успеее во вакцинирање на милиони луѓе за само неколку недели, Велика Британија се одлучува и за делумно невообичаени локации.

Стотици луѓе, на пример, беа вакцинирани во познатата катедрала во Солсбери, а притоа слушаа музика од оргули. Со оглед на тоа што во многу региони во земјата богослужбите, поради пандемијата, се одржуваат онлајн, многу цркви се празни, па просторот во дел од нив се користи за вакцинирање.

На #ФотографијаНаДенот луѓе кои веќе биле вакцинирани седат и се релаксираат во катедралата во Солсбери