Адвокатот Рауфи – Тајните служби знаат кои се убијците

0
77

Јас верувам, навистина верувам дека има бомби. Верувам и дека тајните служби знаеле и знаат кои се убијците и виновниците, мислам дека ќе дојде ден и ќе се знае кои се тие што се инволвирани во овој случај. Мислам дека тие бомби некој ги има но сигурно е и дека има и друг мотив зошто не се даваат, некој интерес кој ние како одбрана не можеме да ги знаеме.“, изјави за ТВ 21 Насер Рауфи, адвокат на обвинетите од Монструм.

 

Првиот вицепремиер Артан Груби, пак, на стартот на повторувањето на процесот рече дека Владата не се меша во работата на судството, но потоа додаде дека единствено вмешување било барањето за повторното судење на случајот.

 

„Ние во овој процес никогаш не сме интервенирале освен за барањето за повторување на судењето во целост и тоа го постигнавме. Сега е на судските власти, судот и обвинителството, како и на одбраната, да го истуркаат овој процес до крај“, рече Груби.