Адеми во нервоза кажал дека нема да прифати попис ако Албанците бидат под 20 %

0
114

ДУИ е заинтересирана да се одржи кредибилен попис кој ќе ги одрази реалните бројки на сите етнички заедници во државата. Ова за Плусинфо го изјави пратеникот Арбр Адеми од ДУИ, кој во гостување на ТВ21 претходно изјави дека нема да го признае пописот ако Албанците се под 20 отсто.

Адеми вели дека неговиот одговор бил даден на провокативно прашање од Алијансата за Албанците дали ќе прифати ако пописот покаже дека Албанците се 19 отсто. На тоа тој одговорил дека никогаш нема да прифати таков резултат од пописот. Тој потенцира дека тоа не е став на ДУИ.

 

Извор Плусинфо