Адеми: Во учебната 17/18 во основните училишта запишани биле 64,22% Македонци и 32,15% Албанци

0
103

Поранешниот министер за образование и наука, Арбер Адеми од редовите на ДУИ вечерва во студиото на ТВ21 рече дека како министер се интересирал за бројот на ученици кои учат на македонски и албански јазик.

Според тоа тој вели дека во учебанта 2017/2018 година според податоците кои ги добил, 64,22% од учениците следеле настава на македонски јазик, а 32,15% од учениците следеле настава на албански јазик.

„Како поранешен министер за образование се интересирав и добив информации дека бројот на ученици во основните училишта во Македонија во учебната 2017/2018 година на запишани Македонци е 121.272 односно 62,22%, додека на Албанци 60.709 односно 32,15%“, рече Арбер Адеми – актуелен пратеник и поранешен министер за образование и наука од ДУИ