Албанскиот премиер Еди Рама ја прими првата доза од вакцината против корона

0
67

Албанија започна со вакцинација против коронавирусот. Првиот контингент од околу 975 вакцини пристигна во Тирана. Во импровизирани кампови беа распоредени околу трибините на националниот стадион „Ер Албанија“. Премиерот Еди Рама, кој меѓу првите ја прими вакцината, рече дека ЕУ ги запоставила земјите од Западен Балкан, па затоа индивидуално се снашле за да обезбедат донација Тој рече дека овие не се од Грција, како што се шпекулираше, но официјално се дознава дека овие дози ги обезбедила Полска.