АНАЛИЗА НА ЦГК: ОПШТИНСКИТЕ СОВЕТНИЦИ ЧИНАТ 3,5 МИЛИОНИ ЕВРА ГОДИШНО

0
54

Преку 3, 5 милиони евра изнесуваат годишните трошоци за исплата на надоместоците на општинските советници во Северна Македонија, ова го покажува анализата на Центарот за граѓански комуникации на податоците за 2019 година.Вкупниот број на советници во сите 80 општини и Градот Скопје достигнува 1.319.

Најголеми годишни трошоци за советници има Градот Скопје – 214.000 евра, во првите пет се уште и Куманово (115.000 евра), Тетово, Битола и Гостивар (сите со околу 104.000 евра). Најмалку за советници троши Општина Вевчани (9.000 евра), Зрновци (14.000 евра) и општините Новаци и Конче (по 16.000 евра).