Андоновски: Нема да го поддржиме и почитуваме пописот

0
84

Стефан Андоновски, членот на ИО на ВМРО-ДПМНЕ, денеска рече дека најголемата опозициска партија нема да го поддржи пописот на населението планиран во месец април.

– Ние имаме принципиелен и јасен став, нема да го поддржиме, нема да го почитуваме и идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе спроведе кредибилен попис по сите стандарди на ЕВРОСТАТ и другите европски и институции на Обединетите Нации, рече тој, одговарајќи на новинарско прашање.

За ВМРО-ДПМНЕ е нејасно зошто не се објавува методологијата на попишување во предлог-законот за попис, зошто СДСМ е против терминалите за отпечаток на прст и обидот, како што вели Андоновски, да се направи попис во кој граѓаните и институциите нема да имаат доверба.

Се очекува власта да го донесе Законот за попис на седница по божиќните празници, а сите амандмани на опозицијата беа одбиени.