Арсовски: МВР е виновно што секој бандит со пиштол пука кај стигне

0
59

На МВР поважно им е дали на граѓаните маската им е под нос или закачена само на едното уво за веднаш да ги казнат, а воопшто не им е важно кој поседува и носи со себе пиштол. За овој хаос и пукање кое што го видовме денеска во центарот на Скопје, пред Градската болница, претходно и во селото Батинци, директно се одговорни и надлежни МВР.

Ова вечерва го истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски. Вели дека откако СДСМ дошла на власт низ центарот на Скопје можат да се видат само филмски пукотници.

– Секој што си зема за право да носи пиштол во себе, се повикува на блискоста со власта и станува опасен за околината, што денеска се виде и во самиот центар на Скопје пред Градската болница, но претходно каде што имаше пукотници во селото Батинци. Дополнително, голем е сомнежот дека власта крие нешто бидејќи нејасни беа информациите кои ги споделуваа во медиумите. Најпрвин очевидци за медиуми брифирале дека лице со пиштол се заканувало и пукало пред болницата, за потоа експресно МВР и директорот на СДСМ на болницата, да демантираат дека немало никакво пукање пред градската болница, а за што сепак сведочи и автомобилот и пиштолот кои се најдени на паркингот. Дали и зошто полицијата ги крие овие информации од граѓаните останува нејасно, но се поочигледно е дека доколку од самиот почеток кријат, тоа значи дека можеби се работи за лица кои се блиски до структурите на власта, рече Арсовски.

Според него, скопјани и граѓаните на Република Македонија не се безбедни со вакви бандити кои што шетаат со пиштоли.