Ахмети – Никогаш не сум се разочарал од ЕУ. На пролет ќе се реши проблемот со Бугарија

0
61

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети изјави дека оваа пролет, ќе се излезе од ќор-сокакот и проблемот со Бугарија ќе биде решен.

 

„Во интерес е и на Вашингтон и на Брисел да се реши ова прашање. Во овие 20 години ниту еднаш не сум бил разочаран од нивните постапки. Јас сум оптимист дека овој проблем ќе се реши уште во рана пролет. Решението ќе дојде пред парламентарните избори во Бугарија“, рече Ахмети во одговор на прашање во синоќешната емисија „Политика“ на гостиварската локална телевизија ТВ Глоби.