Балкан Во Албанија нов негативен рекорд од 896 заразени со Ковид-19

0
81

Во Албанија во последното деноноќие регистрирана е висока бројка заразени со Ковид-19, што е нов негативен рекорд.

-Во изминатите 24 часа од 3.761 тестирани сомнителни случаи опасниот врус е дијагностициран кај 896 лица, што е највиска бројка до сега во едно деноноќие. Процентот на заразени во однос на тестирани е висок, односно 24 отсто. Благо намалување, споредено со вчера, бележи бројот на починати, односно осум на возраст од 46 до 86 години, информираше Министертвото за здравство и социјална заштита.

Во списокот на оздравени се внесени 514 лица а зголемен е и бројот на хоспиталзирани, кој по речиси еден месец денска надмина триста пациенти. Во четирите ковид болници се третираат 309 пациенти, 20 се на интензивна терапија, од нив четворица интубирани.

Во Албанија и понатаму висока е бројката на активните случаи или 28.572 од вкупно 76.350 заразени, од направените 351.485 тестови. Битката со опасниот вирус ја добиле 46.420 а ја изагубиле 1.358 лица.

Според медиумите меѓу новозаразените е и Јозефина Топали, поранешната претседателка на албанскиот парламент, екс потпретседателка на опозицската Демократска партија и актуелна лидерка на партијата „Движење за промени“, како и евроамбасадорот Луиџи Сореца, кои резултатите од тестот ги добиле синоќа.