Бучковски на средби во Софија, постигнат мал напредок, нема детали околу акцискиот план

0
57

Тој денеска ги почна консултациите со претставници на бугарското МНР во Софија. На маса е акцискиот план, односно патоказот за спроведување на обврските од Договорот за добрососедство.

Според информации на Канал 5, постигнат е одреден напредок во содржината на патоказот, предложена од македонска страна, а на која, се очекува Бугарија да изнесе свои предлози. Детали што содржи документот нема, но доколку има сериозен напредок во усогласувањето на текстот, не се исклучува можност Бучковски да се сретне и со министерката Захариева. Она што е извесно е дека Бучковски попладнево се среќава со бугарскиот вицепремиер. Средбата ја најави самиот Каракачанов, кој уште пред да почне ја осуди на неуспех. Продолжи со обвинувањата дека Македонија ја фалсификува историјата, дека станува проблем за целата Унија и дека не може да се надева на почеток на преговори за време на португалското претседателство.

-Таму има дивјачки менталитет, кој прилега на 19 век. Додека го имаат тоа однесување кон Бугарите, тој двоен стандард, не гледам никаква основа за напредок, никаква основа. Аргументот „ама чекајте, ние имаме право да го определиме нашиот идентитет“ е апсолутно несериозен аргумент, никој не ти дава такво право. Имаш право да го штитиш идентитетот, но таков каков што и од тогаш кога изникнал, а не крадејќи туѓа историја. Ним им е јасно дека во следните 6 месеци нема да се постигне напредок, вели Красимир Каракачанов, вицепремиер на Бугарија