ВЕСТИПовеќе од половина од продадените автомобили во Норвешка минатата година биле електрични

0
165

Норвешка и официјално е првата земја во светот во која за една година се продадени повеќе електрични, отколку конвецнионални возила.

Минатата година повеќе од 50% – односно 54% – од продадените возила биле електрични. Со ова, не само што Норвешка ја забрзува трансформацијата кој целосна електрификација, туку и понатаму е пример за тоа какво влијание има рационалното субвенционирање на купувањето на ваквите возила. Електричните возила имаа удел на пазарот од 42% во 2019, но таа бројка порасна на дури 54% во 2020.

Дополнително, ако ги земеме предвид и хибридните (и плаг-ин хибридните, секако) возила, тогаш пазарниот удел на електрифицираните возила изнесува импресивни 83%. Продажбата на возила со дизел мотори е сведена на само 17%.

Интересна новост е и фактот дека Volkswagen со новите модели за прв пат го презема водството од Tesla на тамошниот пазар. Еден од најпродаваните автомобили во Норвешка беше токму Volkswagen ID.3.