Влегол да краде во локал со апарати за игри на среќа маскиран со чаршав

0
128

Тетовската полиција успеала да открие осомничен на кражба во локал во Јанчиште откако бил снимен од камерата за видео надзор.

Кражбата се случила ноќта помеѓу петокот и саботата, а осомничениот во локалот влегол маскиран со чаршав.

„На 9-ти јануари во 8 часот Д.С 30 години од Јанчиште пријавил дека во објект кафе бар каде имало поставено и апарати за игри на среќа ноќта во период од 1.30 до 7.20 часот непознато лице извршило кражба во објектот. Прво отворил влезна врата, а потоа отворил еден од автоматите за игри на среќа. Од паричник поставен во апаратот одзел 67.140 денари, дел во евра дел во денари. Нешто подоцна околу 13 часот поради сомнение дека е извршител дека на кражбата приведен е Г.Б 45 годишно лице од исто село, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово, јави Тетово инфо

Мерките на СВР Тетово продолжуваат кон расчитување на случајот.