ВМРО-ДПМНЕ започнува процедура за собирање потписи за поништување на Законот за попис

0
69

ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за собирање потписи за поништување на Законот за попис. Потписите ќе се собираат преку подрачните одделенија на Министерството за правда веднаш по објавувањето на законот во Службен весник. Во тек е и електронска петиција за да се подигне свеста кај власта за последиците од најголемата статистичка операција. Обвинуваат за фингиран попис кој ќе биде резултат на политички пазарења на СДСМ и ДУИ.