ВМРО ДПМНЕ – Тешко на Македонија ако криминалец со предавнички политики како Заев ги брои Македонците

0
68

СДСМ со сила сака да направи монтиран попис во Република Македонија. Додека земји од регионот и Европа го одложуваат пописот поради пандемијата, владата предводена од Зоран Заев е решена по секоја цена да го спроведе. Заев против волјата на граѓаните е спремен да направи политичка, а не статистичка операција. Никој во Република Македонија не верува во попис спроведен од Зоран Заев, без консензус на политички и општествени чинители. Затоа ВМРО-ДПМНЕ нагласува дека ќе започне иницијатива на собирање потписи во министерството за правда и како резултат на тоа собирање на потписи и таа иницијатива ќе достави предлог закон во Собранието со кој што ќе се предвиди поништување на овој закон.

ВМРО-ДПМНЕ нема да го признае пописот.