Водици во Белград како да нема корона (ФОТО)

0
107

Во Белград, верниците денеска пливаа по Светиот Богојавленски крст на Ада Циганлија и се појавија првите фотографии од настанот.

Поради епидемијата на коронавирус, традиционалниот настан не бил од натпреварувачки карактер и се собрале многу помал број натпреварувачи и публика отколку претходните години.

Вкупно 12 натпреварувачи се нурнаа во студената вода како дел од традиционалното одбележување на празникот Богојавление – Водици.