Во Бугарија четири лица пријавиле нуспојави по примена вакцина

0
77

Кампањата за вакцинација во Бугарија започна на 27-ми декември меѓу приоритетните групи, вклучително и медицинските работници. Досега се вакцинирани скоро 5.000 лица.

“Несаканите ефекти се движат од лесни до умерени. Луѓето кои имаа несакани ефекти се опоравија”, нагласи Кирилов, објавија бугарските медиуми.

Според Кирил, несаканите ефекти вклучуваат два случаи на болка, еден случај на вртоглавица и повишена температурата.

Бугарија денеска ја доби втората испорака на вакцината од компаниите „Фајзер“ и „Бионтек“ од 25.000 дози.