Во критична состојба е еден од застреланите во Љубош, другиот е префрлен во Клиничкиот центар

0
84

Инцидентот се случил во објект во селото Љубош кога при вербална расправија меѓу четири лица било употребено и оружје.

Според информациите, потешко повредениот со автомобил кон Градска болница го возел неговиот брат, а било пукано и кон нивниот автомобил. Кога пристигнале кај Градската болница настанал метеж откако таму пристигнале во голем број и нивни роднини по што интервенирала и полицијата.

Директорот на болницата Љубен Арсенков за Канал 5 потврди дека по извршената хируршка интервенција повреденото лице е на интензивна нега.