Во 2020 година тетовци дишеле 138 дена загаден воздух

0
94

Тетовци најзагаден воздух минатата година дишеле во јануари декември и ноември, а во летниот период немало ниту еден ден аерозагадување.Минатата година тетовци дишеле загаден 138 дена , а во 2019 година 18 дена помалку ,или пак 120 дена воздухот во Тетово бил загаден.

И покрај ваквата состојба од инспекторатот при Општина Тетово немаат изречено нити една казна

Од Еко Герила, сметаат дека властите не преземаат доволно мерки за намалување на аерозагадувањето.

Најзагаден воздух тетовци дишеа во 2015 година. Од 365 денови само 15 дена немало надминување на шетните ПМ десет честички.