Вучиќ бил прислушкуван и тајно следен од моќен човек од врвот на државата

0
67

Првичните сознанија од „сеопфатната и детална истрага“ за тоа кој, по чија наредба и со каква цел го прислушкувал српскиот претседател Александар Вучиќ, навестуваат дека Вучиќ бил прислушкуван и тајно следен од моќен човек од врвот на државата,

Како што објави „Вечерње новости“, тоа го потврдила заедничката истрага на Министерството за внатрешни работи (МУП) и Безбедносно-информативната агенција (БИА), која е строго затворена и трае веќе некое време.

Моментално, во тек се сослушувања, на прво место на припадници на Службата за специјални истражни методи на Управата на криминалистичката полиција. Во надлежноста на Службата е и спорведување електронски надзор. Истражните работи ги спроведува Секторот за внатрешна контрола на Министерството за внатрешни работи – пишува „Вечерње новости“.

Српскиот претседател Александар Вучиќ на 31 декември изјави дека бил прислушуван и дека „тоа го правеле домашни“, а „надлежните органи ќе утврдат дали се поврзани со странци“.

Прислушувањето на шефот на државата е директен обид за државен удар – изјави Вучиќ.