Германија тестира капсули за спиење за бездомници, со соларни панели и отпорни на ветер (ВИДЕО)

0
128

Властите во Германија на почетокот на јануари започнаа да тестираат капсули за спиење со футуристички изглед наменети за бездомници. Според податоците од 2016 година, во земјата живеат околу 860.000 бездомници, што укажува на голем проблем, пренесува Индипендент.

 

 

Отпорни на ветар и водоотпорни капсули за спиење биле поставени на 8 јануари во парковите на германскиот град Улм, оддалечен 120 километри од Минхен, објави компанијата Улмер нест.

 

Куќичките се направени од дрво и челик и обезбедуваат доволно простор за две лица. Тие ефикасно штитат од студ, ветер и влага, но во исто време гарантираат циркулација на свеж воздух.

 

За да се обезбеди приватност на корисниците, во нив нема камери. Инсталирани се сензори за движење за да ги известат социјалните работници дека се отворила вратата, за бездомниците да не се вознемируваат поради чистење доколку ја користат капсулата.

 

 

Овие капсули со футуристички изглед се исто така опремени со соларни панели и поврзани се со радио мрежа, што им овозможува на корисниците да комуницираат со тимот задолжен за одржување без да бидат зависни од мобилните мрежи.