Германската економија за пример во време на пандемија

0
58

Економијата на Германија минатата година се намали за 5 проценти. Падот беше помал отколку што се очекуваше благодарение на силните мерки на владина помош, кои го ограничија влијанието на пандемијата врз економијата, соопшти Бирото за статистика.

Падот на вредноста на домашното производство беше нешто помал од предвидувањата на Ројтерс за 5,1 процент и помал од рекордниот пад од 5,7 проценти во 2009 година за време на светската финансиска криза.

Владејачката коалиција на канцеларката Ангела Меркел од март минатата година презеде вонредни мерки за закрепнување на економијата, пишува Ројтерс.

Приватната потрошувачка падна за 6 проценти во споредба со претходната година