Гинекологот кој дома има ординација на диво, се уште е директор на струшката болница

0
77

 

Љупчо Николовски, вицепремиерот за борба против корупција, на денешната прес-конференција рече дека Мухамед Асани, директорот на болницата во Струга, е повикан во Владата да реферира по откривањето дека има ординација која работи на диво.

-Секој случај каков што е оној со Асани треба да се расчисти до крај. Против Асани е поднесена соодветна пријава до Основното јавно обвинителство. Издадено е забрана и решение, а ова е преземно по инспекцискиот надзор. Се надевам брзо и стручниот надзор ќе го разгледа овој случај и брзо и навремено ова ќе го затвориме. Важно е да се знае, дека законот важи за сите, а веќе е забрането докторот Асани да работи во рамки на својата илегална домашна ординација што е надвор од сите законски норми“, истакна Николовски.