Гостиварка со чекан го нападнала поранешниот сопруг

0
48

Полициските билтен регистрира и две тепачки

 
Синоќа полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода М.С.(18) и Б.М.(27), двајцата од Тетово, кои претходно во и надвор од угостителски објект на улица „Борис Кидрич“ во Тетово, физички се пресметувале.Во меѓусебната пресметка Б.М., според пријавеното, користел стаклен предмет.Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово и против нив ќе следува соодветен поднесок.

 

Вчера попладне пак , полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар  во Гостивар ја лишиле од слобода 31-годишната гостиварка Б.И., која претходно физички го нападнала нејзиниот поранешен 33 годишен сопруг.Според пријавеното, во нападот таа користела и тврд предмет (чекан).Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.