Груби: Институциите биле виновни што не биле распределени 1.300 рамковни вработени

0
77

Груби: Институциите биле виновни што не биле распределени 1.300 рамковни вработени

Во вечерашната Топ тема во Телма телевизија гостуваше вицепремиерот Артан Груби кој истакна дека не по вина на рамковните вработени, туку институциите биле виновни за нивни нераспределување затоа што не ги прифаќале.

 

На прашањето како може десет години 1.300 рамковни вработени да не бидат распределени, што само по себе е скандалозно, Груби вели дека тоа не било нивна вина, туку во вина на институциите во државата.

 

-Апсолутно не по нивна вина, туку по вина на институциите кои не прифаќаа рамковно вработени административци, што е апсолутно неприфатливо и затоа бевме принудени да педложиме посебен закон само за овие административни, според кон план сега се прераспределуваат, вели Груби.

 

Тој вели дека денеска една третина потпишале договор, 349 од нив ги прифатиле решенијата и можеле да започнат со работа уште утре, главно тоа биле административци точно 143-ца кои ќе влезат на работа во Министерството за внатрешни работи.