Да се исчистиш од дрога преку земјоделство – ТВ21 во Струмица: Центарот им помага на 80% од зависниците

0
62

5 години поред користел хероин. Веќе една година не користел никаков вид на дрога.

Програмата „Покров“ за рехабилитација, ресоцијализација и повторно интегрирање на зависните од дрога, алкохол и коцкање и помогна на овој 31 годишен маж да излезе од патот по кој застранил. Почетокот, фазата на детоксикација, била многу тешка за него.

Освен тоа, има и часови за разговор во група, со психотерапевт, но една од најинтересните терапии е земјоделство.

Сотир Манчев, над 25 години работи со лица со различни зависности, а раскажува за идејата дека „лекувањето“ може да се изведе преку органското земјоделство.

Не е во прашање производството, туку терапијата која им помага на зависниците да го поминат тешкиот период.

Освен зависниците од дрога и алкохол, последно време таму одат и лица кои имаат зависност од коцкање.

Центарот се наоѓа во село Баница, Струмица, но тука доаѓаат помош да бараат од целата земја. Годишно се лекуваат просечно 100 лица. Неколку доаѓаат за прв пат, а неколкумина се враќаат по втори и трет пат.

Манчев на Центарот гледа како последна станица за лицата кои бараат спас, поради тоа што повеќето кои доаѓаат најмалку 10 години се корисници на разни супстанци.

Центарот нема голем капацитет, има место само за 35 лица. Често се случува да има повеќе барања отколку слободни места.

Терапијата трае 18 месеци. Без разлика на терапијата која ја нуди центарот, сепак се зависи од волјата на лицата кои сакаат да се променат.