Дожд и снег низ цела држава, какво време не очекува следните денови

0
73

Вечерва дожд и снег ја зафати речиси целата држава.

На некои пониски делови освен дожд забележан е и замрзнат дожд, додека на повисоките места врне само снег.

Во моментов снег врне на Попова Шапка, Крушево, Пониква и Маврово.

Времето утре ќе биде Облачно со пообилни врнежи од дожд, особено во северните и северозападните делови каде се очекува да наврнат над 30 л/м2. Врнежите повремено ќе бидат поројни и проследени со засилен ветер.

Времето во понеделник ќе биде претежно облачно и потопло со врнежи од дожд, на места пообилни и поројни. Ќе дува слаб до умерен, на места повремено засилен ветер од јужен правец.

Во вторник ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на планините и на некои повисоки места со повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен вдолж Повардарието.

Во среда времето ќе биде променливо облачно и посвежо со умерен северен ветер. На места ќе има повремени врнежи од дожд и снег.

УХМР инаку денеска има и актуелно предупредување: Од денеска попладне до понеделник (11.01) ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд. Врнежите во западните и северозападните делови повремено ќе бидат пообилни (над 50 л/м2) и поројни, проследени со засилен ветер кој на места ќе достигнува брзина и над 70 км/час.