Домот на АРМ во Тетово ќе прерасне во управна зграда и мултимедијален капацитет на Националната установа „Музеј на тетовскиот крај.

0
402

Домот на АРМ во Тетово ќе прерасне во управна зграда и мултимедијален капацитет на Националната установа „Музеј на тетовскиот крај.

Директор на Комисијата за односи помеѓу верските заедници и религизони групи Даријан Сотировски, ја објави оваа информација на неговата Фејсбук страна.

-Едно важно прашање за нашиот град Тетово, кое го иницирав пред неколку месеци и на кое работевме, денес е конечно реализирано и се радувам поради тоа. Националната установа „Музеј на тетовскиот крај“ после повеќе децении со одлука на Владата добива своја управна зграда и мултимедијален капацитет, со кој ќе може да понуди многу на градот Тетово, истакна Сотировски,

Според него објектот ДОМ на АРМ во Тетово ќе биде новото седиште на музејот и ќе продолжи да биде средиште на сите случувања во срцето на градот.

-Со директорот на музејот и истакнати културни работници ја разработуваме визијата како новото седиште по реновирањето да прерасне во витална културна артерија и сретнувалиште на културните работници, ентузијасти, тетовската јавност и младите. Изразувам благодарност до Владата и министерот за култура д-р Стефоска за поддршката која ја дадоја изминатиот период додаде Сотировски.

Објектот ДОМ на АРМ во владение на Министерството за одбрана веќе неколку години не фунционираше, за истиот никој не се грижеше и истиот беше оставен на забот на времето.