Донесен законот за попис ВМРО ДПМНЕ ја напушти седницата , Алијансата го подржа законот за попис

0
98

Државата ќе спроведе попис по цели 19 години од последниот успешен попис реализиран во 2002 година.

Во Собранието на продолжението на 29. седница денеска со 62 гласа „За“ е изгласан Предлог законот за попис на населението, домаќинства и становите во Република Северна Македонија.

Освен владејачката коалиција, поддршка за Законот најавија и од партиите Алијанса за Албанците и Алтернатива, додека пак против законот беше опозициската ВМРО-ДПМНЕ, од каде најавија дека ќе побараат негово поништување преку собирање на потписи од граѓаните.