До утрово се гаснеше пожарот во ТЦ „Глобал“ во Струмица – изгореа најмалку 10 дуќани и затворениот пазар

0
116

Пожарот кој избувна доцна синоќа речиси целосно го пеплоса првиот кат од трговскиот центар „Глобал“ во Струмица.

Борбата на противпожарните единици со пламените јазици траеше до раните утрински часови, а според првичните извештаи од терен, изгореа најмалку 10 дуќани и затворениот пазар во ТЦ.

Местото и натаму го обезбедува полицијата а присутна е и екипа на ТППЕ Струмица, која внимава да не дојде до нов пожар и интервенира на местата каде се појавуваат пламени јазици.

Причините за пожарот се уште не се знаат.

Градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, кој синоќа беше на местото на трагедијата, смета дека материјалната штета е голема, а за среќа нема повредени.