ЕКСПЕРТИТЕ НА СЗО ПРИСТИГНАА ВО ВУХАН: Ќе го испитаат потеклото на корона и ќе поминат 2 недели во карантин

0
111

Тим експерти од Светската здравствена организација пристигнаа денес во кинескиот град Вухан, од каде се верува дека потекнува коронавирусот на крајот на 2019 година, со цел да се испита потеклото на пандемијата, објави денеска кинеската државна телевизија.

Тимот ќе помине околу еден месец во тој град, вклучително и две недели во карантин.

Петр Бен Ембарек, водечки експерт на СЗО за животински болести кои се шират и на други видови, води тим од 10 независни експерти.

Виетнамскиот биолог Хунг Нгуен, кој е дел од тимот, за Ројтерс изјави дека не очекува ограничувања на работата на групата во Кина.

По завршувањето на карантинот, тимот ќе помине две недели испитувајќи луѓе од истражувачки институти, болници и пазари на морски плодови во Вухан, каде се верува дека се појави нов патоген, додаде Хунг.