Ерозија на земја се заканува дека ќе ја проголта цела тетовска населба

0
153

Ерозија на земја, заматени вода, ниви под кал. Ова се последиците од неколкудневните поројни дождови во теотвско. Водата од излеаните реки се повлекува, но ризикот од нови свлечишта е голем.

Голем дел од земјоделската површина во тетовско која вчера беше под вода денеска тоне во кал. Штетите излегоа на површина. Од поројните дождови се појавија и ерозии на земјата во едно тетовско мало.

Семејството Демири вели дека од вчера започнале ерозивни процеси на земјата, на само еден метар од нивниот одм. Ако се одрони земјата, цело мало ќе заврши во бездна.

Бараат ургентна изградба на потпорен ѕид за да се спречи ерозијата.

Големи штети предизвикаа вчерашните поројни дождови Земјоделската површина која беше поплавена, откако се излеаа реките тоне во кал. Од АД Водостопанство подружница Тетово, велат дека реките не се чистат доволно, затоа има застој на нормалниот проток на водата