Заев – Вучиќ ни понуди 8.000 вакцини од Фајзер како донација, но на крај се договоривме да ги купиме по набавна цена

0
193

Премиерот Зоран Заев соопшти дека најмалку 8.000 вакцини од производителот Фајзер Република Србија ги понудила за македонските граѓани.

-Со директна комуникација со српскиот претседател Александар Вучиќ се договоривме да добиеме од нивната набавка 8.000 фајзерови вакцини против ковид. Иако Вучиќ сакаше ова да биде донација, сепак се договориме да ги платиме по набавна цена, соопшти денеска премиерот Зоран Заев, додавајќи дека ова е среќна вест со оглед на тоа што испратиле писма и до други земји за помош околу вакцините.

-Многу сум благодарен од името на целиот македонски народ. Станува збор за сериозен чин на пријателство, Србија сака солидарно да сподели со јужниот сосед дел од вакцините кои ги има, објави премиерот Заев.