Заев и Филипче се возат на мотори кои вредат колку две противпожарни возила

0
63

Глобал гореше, штетите се огромни, а на терен спасија само храбрите пожарникари, кои со натчовечки напори се справуваа со пожарот. И нивната работа ќе беше полесна, ако Заев наместо мотори за него од 30.000 евра купеше противпожарни возила за Струмица.

Во истиот ден кога беше пожарот, Заев и Филипче со пет мотори во вредност од над 150.000 евра дивееја по Беласица.

Со 150.000 евра се купуваат две противпожарни возила, и се обештетуваат 15 бизниси со по 10.000 евра.

Доколку Заев сакаше да покаже солидарност тоа можеше да го стори, но наместо за народот, Заев се расфрла со скапи и луксузни работи.

Кому му е гајле што Глобал нема противпожарен систем и хидрантска мрежа, важно Заеви имаат мотори од 150.000 евра.

И сега наместо владата да излезе и уште на прва седница да исплати обештетување за засегнатите и оштетени субјекти штетата ќе се покрива од донации. Врв на неспособност и лицемерие.