Заев – Срамота е 19 години да немаме попис кој не треба и нема да влијае на стекнатите права

0
73

 

Каква било бројка на процентуална застапеност да покаже пописот нема да се одрази врз стекнатите права, Уставот, законите, рече во одговор на новинарско прашање премиерот Зоран Заев.

„Тоа е статистичка и реална постапка. Нема да има никаква рефлексија во делот на стекнати права…тоа се стекнати права и можни се варијабли, во глобално село на миграции, на заминување и враќање на граѓаните, во државата, професионални ангажмани, дефинитивно не треба и нема да влијаат на ниту едно од веќе воспоставените законски решенија“, рече Заев.

Според него, опозицијата е неодговорна во спроведувањето на онлајн работа на Парламентот за Законот за попис, затоа што според него, треба да се изгласа што побрзо.

Не можете да барате отпечаток од прст кога се потпишуваат малолетни лица, тие немаат отпечатоци во МВР, не можете да барате копија да ви се остави од пописниот материјал. Се ќе биде електронско“, изјави Заев.