Затрупаните реки со смет главна причина за нивното излевање

0
62

Човечката негрижа и неажурноста на институциите се главните причини за излевањето на река Пена која изминатава недела поплави голема земјоделска површина.

Пари се трошат, реката се чисти, но нема никаков ефект,. Пена постојано се излева, после секои поројни дождови.

Така беше и минатата недела кога се поплави огромна земјоделска површина лоцирана покрај патот Тетово – Фалише

Од Општина Тетово велат дека реката се чисти, но граѓаните постојан фрлаат разновиден отпад.

-Ние чистиме но постојано реките се трупаат со смет. Пред еден месец цела река ја исчистивме, но таква е свеста на граѓаните. Треба поголеми конторли и инспекциите да бидат на терен, велат од Општина Тетово

И покрај ваквата состојба, засега ниту едно лице не е казнето за фрлање на отпад во реката. Од Инспекторатот при Општина Тетово се оправдаа дека нема казни оти не можат загадувачите да ги фатат на лице место